Жорди Мастре поранешниот претседател на Барселона за „Мундо Депортиво“ помеѓу останатото зборуваше и за ситуацијата во која Нејмар сакаше да се врати во Барселона.
Како што е добро познато Нејмар за 222 милиони евра направи трансфер во ПСЖ и тоа се уште е најскапиот трансфер на сите времиња.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, минатото лето Бразилецот изрази желба да се врати клубовите преговараа, но на крајот не постигнаа договор, па беше приморан да остане во Париз.
Мастре сега зборуваше за Нејмар и откри детали од времето кога Нејмар заминувал.
„Ако гледам од емотивна страна тој не треба да се врати. Но од спортска, треба да се врати. Сепак сигурно дека ќе треба да се извини. Кога заминуваше не кажа на никого. Ова лето почна да плаче и кажа дека сака да се врати“, откри Местре.