Дома Македонски спорт АМС ги подели ваучерите: За ФФМ 0 евра, во Вардар завршија најмногу пари

АМС ги подели ваучерите: За ФФМ 0 евра, во Вардар завршија најмногу пари

Како и секогаш на почетокот на годината АМС подели нови 10 милиони евра од државата на спортските федерации, клубови и спортисти.

Најмногу пари завршија во спортското друштво Вардар. Како ракометен европски шампион тимот доби 21.8 милиони денари (355.000 евра). Фудбалскиот клуб на црвено-црните инкасираше 10.5 милиони денари, кошаркарите 6.9 милиони денари, додека на одбојкарите на Вардар им беа доделени 15. 8 милиони денари.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Зад Вардар следи шампионот во кошарка МЗТ. Актуелниот шампион на Македонија доби 15.8 милиони денари за првиот тим и 4.9 милиони денари за вториот тим кој исто така игра во првата лига.

Следи Еурофарм Работник со ваучер од износ од околу 300.000 евра (17.9 милиони денари). Потоа на листата се: КК Работнички и РК Металург (13.9 милиони и КК Куманово и РК Пролет со по 11.9 милиони денари).

Шкендија која е актуелен шампион во фудбал се најде на седмото место со добиена сума од 11.5 милиони денари, еден милион повеќе од фудбалскиот тим на Вардар.

Кај федерациите најголема сума доби Ракометната Федерација 22.835 милиони, па одбојкарската со 18.688 милиони денари, а кошаркарите се трети со 16.615 милиони денари. Фудбалската Федерација и оваа година не доби ниту евро од АМС. Причината за ваквиот потег е бидејќи Агенцијата за млади и спорт го сметаат актуелнто раководство на ФФМ за нелегитимно.

Кога се индивидуалните награди најголема сума доби борачот Магомедин Нуров 700.000 денари.

Комплетните листи можете да ги погледнете – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…