Дома Фудбал Новиот напаѓач на Јунајтед ќе дебитира на „Стенфорд Бриџ“

Новиот напаѓач на Јунајтед ќе дебитира на „Стенфорд Бриџ“

Новиот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Одион Игало ќе биде во групата на „црвените ѓаволи“ за следниот меч кој на програмата е на 17-ти февруари против Челзи.

Нигериецот пристигна на „Олд Трафорд“ во последниот ден од преодниот рок како позајмен фудбалер од Шангај Шенхуа и се уште го чека своето деби.

Во  моментов Игало дури и не може да патува со тимот на припреми во Шпанија, поради рестрикција за патување на луѓето кои подолго време биле во Кина поради вирусот. Тој тренира индивидуално во тренин центарот на Манчестер и ќе биде на располагање за мечот со Челзи.

„Одион ќе биде со нас за мечот на Стенфорд Бриџ. Ќе видиме како ќе тренира оваа недела, но сметам дека ќе може да биде повикан“, потврди Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дориев останува прв стрелец, Согдиана чека победа и по дуелот со Бухоро

Љупче Дориев ги одигра сите 90 минути во ремито 1:1 со Бухоро, а по мечот имаше време и за…