Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни девет натпревари.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Лос Анџелес Лејкерси во „Стејплс Центарот“ ја совладаа екипата на Феникс Санс со резултат 125:100. Лејкерси со овој триумф стигнаа до четвртата победата на последните пет натпревари. Ентони Дејвис беше најефикасен во победничкиот тим со 25 поени, 10 скокови и 5 асистенции. Раџон Рондо забележа 23 поени, додека Леброн Џејмс беше запрен на 17 поени, а имаше уште осум скокови и 10 асистенции.
Денвер на свој терен славеше против Сан Антонио Спарс со 127:120 и така ја забележаа четвртата победа во низа. Избраниците на Мајк Мелони ја продолжија победничката низа благодарение на подобрата игра во второто полувреме. Спарси подобро го започнаа натпреварот и ја добија првата четвртина со 40:30 за на полувреме да водат со 67:53. Во еден момент Сан Антонио имаше и +23. Сепак, Наџентси заиграа одлично и во последните 12 минути заостануваа само четири поени. Потоа стигнаа до водство и до победа.
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ натпреварот го заврши со дабл-дабл учинок од 19 поени, 8 скокови и 13 асистенции. Џамал Мареј повторно беше расположен и уфрли 26 поени, додека Пол Милисап застана на 22. Во дресот на Спарси Олдриџ постигна 33 поени, 6 скокови и 5 асистенции.
Лука Дончиќ се уште е надвор од терените поради повреда, а неговиот Далас запиша пораз од Јута со 119:123. Кај Далас расположение беа Хардвеј со 33 поени и Порзингис со 28, сепак тоа не беше доволно. Хрватот Бојан Богдановиќ одигра солиден натпревар со 23 поени, 3 скока и 2 асистенции. Одлични кај Јута беа уште Кларксон со 25 поени и Донован Мичел со 23.
НБА резултати:
Детроит – Шарлот 76:87
Индијана – Брукчин 105:106
Орландо – Атланта 135:126
Торонто – Минесота – 137:126
Милвоки – Сакраменто 123:111
Далас – Јута 119:123
Денвер – Сан Антонио 127:120
Голден Стејт – Мајми 101:113
Лејкерси – Феникс 125:100