Со натпреварот помеѓу Евертон и Кристал Палас на „Гудисон Парк“ беше отворено 26. коло од англиската Премиер лигата. Домаќинот Евертон славеше победа од 3:1.
До водство Евертон стигна во 18. минута кога Волкот асистираше, а Бернард погоди за 1:0. До крајот на првиот дел Евертон имаше уште неколку прилики, но гол не видовме и на полувреме се замина со минимална предност за „карамелите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во продолжение Палас заигра многу подобро и до изедначување стигна после само шест минути игра во второто полувреме. Стрелец на голот беше Бентеке. За Бентеке ова е прв гол уште од април минатата година.
На истекот на еден час игра Ричарлисон постигна убав гол за нова предност на Евертон. Бентеке во продолжение пропушти одлично прилики да го изедначи резултатот. Неговите промашувања ги казни Калверт-Луин во 88. минута кога ги постави конечните 3:1.