Герет Бејл повторно се најде на удар на критики од јавноста. Зинедин Зидан не сметаше на него на последните три натпревари и тоа не е случајност, пишува „Марка“.
Французинот не е среќен со Велшанецот и неговото залагање на теренот и верува дека Бејл не го дава својот максимум после опоравувањето од повредата. Бејл во состабот на Реал не бил уште од 22. јануари и натпреварот против Ваљадолид. Тој натпревар Бејл го пропушти поради повреда, но затоа против Сарагоса, Атлетик и Сосиедад не се најде во тимот само поради одлука на Зидан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Односот помеѓу тренерот и играчот повторно се залади и тоа не е некоја новост.
Нивниот однос е променлив уште од кога Зидан се врати на клупатан а Реал, а „Марка“ потенцира дека нивниот однос сега е лош исто колку што беше во текот на летото кога Бејл беше пред заминување.
За сега не е познато дали Бејл е целосно отпишан или има можност да се врати ако го крене нивото на залагање.