Голгетерот на бундеслигашот Лајпциг, Тимо Вернер не е загрижен од изјавата која ја даде Хасан Салихамиџиќ.
Овој 23-годишен напаѓач континуирано прикажува одлични игри во Бундеслигата и не е никаква тајна дека многу клубови се заинтересирани за неговите услуги, а еден од оние со кои се поврзува е Баерн Минхен.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во меѓувреме, ваквите гласини ги отфрли спортскиот директор на клубот, Хасан Салихамиџиќ, кој рече дека поради стилот на игра, Вернер не е идеален напаѓач што го бараат, но Вернер не го загрижува тоа.
„Немам лежено на кревет со отворени очи и да размислувам за таа проценка. Јасно ми е дека во Баерн има голема конкуренција и дека моментално во својот тим го имаат најдобриот напаѓач на светот, Левандовски. Не се замарам со тоа, ја работам својата работа во Лајпциг најдбро што можам и сум задоволен како се одвиваат работите.“ – изјави Вернер за Кикер.
Иако неодамна го продолжи договорот, тој не ја исклучува можноста да го напушти Лајпциг.
„Отворен сум за сите опции, можам да замислам да играм и во друга лига, иако немам дефинитивна цел по тоа прашање“ – додаде Вернер.
Вернер оваа сезона постигна 20 голови на 20 лигашки натпревари и запиша шест асистенции.