Поранешниот четвртфиналист во Лигата на шампиони, Малага е загрозена од испаѓање од Секунда дивизија поради финансиски проблеми.
Според „Кадена Коп“ е блиску да биде административно исфрлен од втората шпанска лига, бидејќи наскоро ќе му бидат одземени бодови. И без тоа тимот е на чекор од испаѓање бидејќи моментално се наоѓа на 17-то место на табелата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Проблемите се започнато поради лошата работа на раководството на сопственикот на клубот шеикот Абдула Ал Тани. Малага испадна од Примера во 2018 година. Минатата година тимот заврши на 3-то место на табелата во втората лига, но не успеа да се врати во Ла Лига.
Неодамна клубот го избрка тренерот после контривезното видео кое се појави на социјалните мрежи.