Oсман Дембеле веќе некое време е надвор од терените поради повреда, а минатата недела започна да тренира со остатокот од тимот.
Кике Сетиен изјави пред неколку дена дека не сака ништо да ризикува со Дембеле и дека тој на терен ќе се врати кога ќе биде 100% спремен. Французинот веќе неколку дена тренира со остатокот од тимот и се пишуваше дека ќе заигра за две недели.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа во Барселона утрово повторно се вклучи алармот затоа што Дембеле мораше порано да го напушти тренингот. Тој почуствувал болки во десната нога после што веднаш го завршил тренингот.
Се уште не е познато за каква повреда се работи и дали дополнително ќе се продолжи неговото отсуство од терените. Се очекува Барселона во текот на денот да се огласи со повеќе информации за неговата ситуација.
Дембеле оваа сезона одигра девет натпревари во сите натпреварувања и постигна еден гол.