Италијанскиот тренер, Клаудио Раниери од ден во ден добива нови понуди за работа.
Овој 62-годишен стратег е без работа откако доби отказ во Лестер на крајот од февруари, а во тренерската работа ќе се врати ова лето. Италијанскиот стратег има многу понуди. Многу познати тимови би сакале да го видат во своите редови, бидејќи сите сакаат да направат исто чудо како и Лестер, кога го изненади целиот свет и ја освои титулата шампион на Англија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новата понуда пристигна од екипата на Кристал Палас и тоа веднаш по отпуштањето на Сем Алардајс. Лондонскиот тим веднаш го контактираше Раниери и му понуди работа во следната сезона. Раниери се уште не донел одлука каде ќе работи. Од Англија уште го бара екипата на Вотфорд, а меѓу понудите кои ги има се одвојува Бетис, кој има големи планови за следната сезона.
За новата одлука на Раниери ќе почекаме уште некое време, а медиумите во Италија тврдат дека Италијанецот повторно ќе се врати во Премиер лигата.
Покрај Лестер, Раниери во кариерата ги водеше европските гиганти како Јувентус, Атлетико, Парма, Рома, Монако…