Дома Останати Кошарка НБА Фантастичниот Лилард го разби Хјустон (ВИДЕО)

Фантастичниот Лилард го разби Хјустон (ВИДЕО)

Шест натпревари беа одиграни во најсилната кошаркарска лига во светот изминатата вечер.

Најмногу внимание привлече натпреварот помеѓу Портланд и Хјустон кој на крајот го одби домашниот тим со резултат 125:112.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


На овој натпревар одличен беше Дамијан Лилард. Натпреварот го заврши со трипл-дабл со учинок од 36 поени, 11 асистенции и 10 скокови. Добра поддршка имаше и од Мекколум кој уфрли 22 поени.

На другата страна Расел Вестбрук уфрли 39 поени и имаше 10 скокови, но сам не можеше ништо да направи.

Бруклин беше подобар од Детроиот со 125:115. Домаќините до победата ги предводеше Спенсер Динвиди со 28 поени. Реџи Џексон во поразениот тим уфрли 23, а Дерик Роуз поен помалку.

НБА резултати:

Индијана – Чикаго 115:106 (пп)

Бруклин – Детроит 125:115

Њујорк – Мемфис 106:127

Сан Антонио – Јута 127:120

Портланд – Хјустон 125:112

Сакраменто – Оклахома 100:120

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Падна рекордот на Малдини и Албертини: Родри е нов рекордер

Манчестер Сити ја затвори сезоната со победа против Вест Хем од 3:1, а тоа за овој тим зна…