Шокантна вест пристигнува од Анталија – Сергеј Самсоненко дигнал раце од Вардар!
Денес Вардар одигра 0:0 со Црвена Звезда, а после овој натпревар играчите се сретнале со првиот човек на клубот Сергеј Самосненко кој им порачал дека се слободни да си бараат нови клубови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сите сте слободни да си барате нови клубови, додека има време“, биле зборовите со кои Самсонеко им се обратил фудбалерите.
Ова е шокантно за сите во клубот, Вардар беше во криза, меѓутоа после одличната полусезона во која Вардар е лидер се очекуваа подобри денови за клубот. Ќе потсетиме Вардар во првенството има осум бода предност на лидерската позиција пред Шкендија.
Засега не е познато каква е одлуката на Самсоненко кога во прашање е ракометниот клуб.