Дома Фудбал Англија Финалето последен натпревар за капитенот на „ѓаволите“?

Финалето последен натпревар за капитенот на „ѓаволите“?

За капитенот на Манчестер Јунајтед утрешното финале од Лигата на Европа би можело да биде последен натпревар во дресот на „црвените ѓаволи“.

Фудбалерите на Јунајтед утре со почеток од 20:45 часот во Стокхолм го играат финалето од Лигата на Европа против екипата на Ајакс. Најдобриот стрелец во историјата на Јунајтед натпреварот најверојатно ќе го започне од клупата за резерви, на што и се навикна оваа сезона.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Руни за 13 години на „Олд Трафорд“ освои многу трофеи, но на крајот на оваа сезона би можел лесно да замине иако неговиот договор истекува за две години. Претходните месеци медиумите шпекулираа за негово враќање во Евертон или заминување во САД или Кина.

Мурињо минатата недела во последниот натпревар од Премиер лигата против Кристал Палас ги одмарашање стартерите, а Руни беше еден од ретките постари играчи во тимот за тој натпревари.

Англискиот фудбалер во дресот на Јунајтед со 253 погодоци е најдобар стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед, а со 53 погодоци најдобар стрелец во англиската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Флорентино Перез повлече потег на кариерата и го договори Клоп, но еден човек може да му ги сруши соништата

Името на Јирген Клоп повторно ја размрда европската фудбалска јавност, овој пат во контекс…