Дома Фудбал Англија Дали ова го заслужува легендата на Англија: Руни останува без повик за репрезентацијата?

Дали ова го заслужува легендата на Англија: Руни останува без повик за репрезентацијата?

Според информациите до кои дојде „The Times“, селекторот на репрезентацијата на Англија, Герет Саутгејт нема намера да го повика Вејн Руни за натпреварот во квалификациите за Светското првенство против Шкотска, како и за пријателскиот натпревар против репрезентацијата на Франција.

Вејн Руни оваа сезона одигра 38 натпревари во дресот на Манчестер Јунајтед, во кој успеа да постигне осум гола и да запише 10 асистенции.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот Руни е првиот стрелец во репрезентацијата на Англија на сите времиња со 53 постигнати гола во 119 настапи, а повредата на коленото не му дозволи да настапи на последните два репрезентативни натпревари.

Се се погласни шпекулациите дека менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо нема да смета на искусниот Англичанец во иднина, па Руни ова лето би можел да побара нов клуб, а сега изгледа дека овој фудбалер би можел да го загуби местото и во репрезентацијата на својата земја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…