Денес кошаркарот на ЛА Клиперс, Лу Вилијамс во еден период од неговата кариера го носеше дресот на Лејкерси.
Вилијамс играше заедно со Коби Брајант, а после трагичната смрт на легендарниот кошаркар тој раскажа една приказна која го покажува победничкиот менталитет на Коби.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Игравме против Портланд на гости и изгубивме со голема разлика. Коби беше лут поради тоа и во соблекувалната на сите им ги зема патиките со неговото име. Само ни кажа: Не заслужувате да ги носите моите патики, премногу сте меки“, раскажа Вилијамс.
Оваа приказна само го потврдува она што сите го знаеа за Коби, дека беше роден победник.