Дома Топ вести Барселона спрема голем трансфер – го сака најдобриот млад фудбалер во Европа!

Барселона спрема голем трансфер – го сака најдобриот млад фудбалер во Европа!

Ренато Санчез минатото лето пристигна во Баерн како големо засилување. Меѓутоа во првата сезона на „Алијанц Арена“ 19-годишниот Португалец главно ја грееше клупата.

Поради тоа голема е веројатноста Санчез ова лето да ја промени средината, а Барселона сака да ја искористи таквата ситуација. Имено, каталонскиот гигант сака ова лето да го подмлади тимот, па наводно веќе испратила понуда до Баерн Минхен.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Агентот на Ренато Санчез, познатиот Жорге Мендеш настојува младиот Португалец да го промени клубот, па медиумите тврдат дека веќе подолго време е во контакт со Барселона и работи на трансферот.

Каталонците оваа сезона имаа големи проблеми во средниот ред, па веруваат дека Санчез би бил идеално засилување бидејќи може да биде алтернатива и за Иниеста и за Ракитиќ.

Освен Барселона за Санчез силен интерес покажува и Манчестер Јунајтед, кој и минатото лето сакаше да го доведе Португалецот на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…