Маја Виличиќ од Сплит, која веќе долги години живее и работи во Америка, синоќа била блиску до хеликоптерската несреќа во која животот го загуби легендарниот Коби Брајант.
Иако се уште со сигурност никој не може да каже која е причината за трагедијата во која животот го загуби Коби и неговата ќерка Џиана, се претпоставува дека причината била густата магла.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Никој во Калифорнија не може да поверува дека Коби по вакво време влегол во хеликоптер. Веќе неколку дена овде има густа магла, особено на утро. Маглата е толку густа што може да се „сече“ со нож. Поради тоа веќе неколку дена доцнат летовите на главниот аеродром во ЛА. Медиумите овде тврдат дека маглата е главната причина за трагедијата“, објаснува Маја од Лос Анџелес.
Маја живее многу блиску до местото каде се урна хеликоптерот во кој беше Коби, неговата ќерка и уште седум други луѓе.
„Живеам некои 20-ина километри од местото на несреќата и околу 20 минути возење со автомобил. Еве точно сега додека ние зборуваме јас шетам и секаде околу мене е магла. Во овој дел од градот живеат богати Американци, а местото е помеѓу Малибу и Санта Моника“.
„Подрачјето Калабасас е многу брдовито и веројатно хеликоптерот удрил во ридот кој пилотот не можел да го види од маглата. Страшна трагедија, Коби беше една од најголемите легенди на градот Лос Анџелес“, открива Маја.