Лемар Одом беше добар пријател со Коби Брајант кој вчера го загуби животот во хеликоптерска несреќа.
Одом со Лејкерси успеа да дојде до титула во НБА лигата во генерацијата која беше предводена од Коби Брајант. После завршувањето на кариерата Одом имаше проблеми со алкохолоѕ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По трагичната вест на социјалните мрежи се огласи и Одом кој ја испрати една од најемотивните пораки.
„Овие слики се само мал дел од нашето пријателство. Ме научи многу во животот, но и на паркетот. Нашиот однос беше како на учител и ученик на кој подоцна му стана брат. Не можам да си дојдам на себе откако ги слушнав овие вести. Некако очекував дека тој ќе преживее во тој пад, дека ќе скокне и го дочека на нозе. Уште чекам новинарите да кажат дека е грешка. Нема шанси Бог да ми го одзема братот толку рано. Знам дека поради проблемите поминав се и сешто и дека не се однесував како што треба. Кога вев во кома Бог да ме прашаше кого да поштеди од нас двајца би те избрал тебе. Во чест на мојот брат во четири наутро одам во теретана. Те сакам брате“, напиша Одом.