Дома Фудбал Англија Очекувано: Конте тренер на годината во Англија!

Очекувано: Конте тренер на годината во Англија!

Менаџерот на Челзи, Атнтонио Конте, е избран за најдобар тренер во сезоната 2016/2017 во Премиер лигата и воопшто во Англија.

Италијанскиот стратег во својата прва сезона во Англија успеа со Челзи да ја освои титулата во Премиер лигата, па очекувано ја доби наградата од страна на Асоцијацијата на менаџери во Англија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Конте беше прогласен за најдобар тренер во годината во Англија, како и во Премиерлигата.

Конте е четвртиот Италијанец кој ја добива оваа престижна награда, по Карло Анчелоти, Роберто Манчини и Клаудио Раниери.

Исто така, Конте е четвртиот тренер во историјата на Премиер лигата кој во својата деби сезона ја освоил титулата. Претходно тоа го направиле Жозе Мурињо, Карло Анчелоти и Мануел Пелегрини.

Во конкуренција за наградата покрај Конте беа: Пол Клемен (Свонси), Шон Дајч (Барнли), Еди Хау (Борнмут), Маурисио Покетино (Тотенхем) и Тони Пјулис (ВБА).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…