Дома Фудбал Играч на Барса: На тренинзите сите го „штедат“ Меси

Играч на Барса: На тренинзите сите го „штедат“ Меси

Дефанзивецот на Барселона, Жан Клер-Тобидо, кој неодамна се пресели на позајмица во Шалке тврди дека сите во каталонскиот клуб мораа да бидат „нежни“ кон најголемата ѕвезда, Лионел Меси.

Според дефанзивецот, на тренинзите на Каталонците сите внимаваат во одбраната против Меси за случајно да не го повредат Аргентинецот.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Сите знаевме дека не можеме да си дозволиме Меси да се повреди. Сите го чуваат многу внимателно на тренинзите. Научив многу од Меси и дури имав неколку интервенции против него, но бев внимателен да не го повредам“, изјави 20-годишниот дефанзивец.

Тодибо пристигна во Барселона како еден од најперспективните дефанзивци во Европа, но не можеше да се избори со конкуренцијата на „Камп Ноу“ и во една година одигра само пет натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ванда Нара е минато: Оваа убавица е новата девојка на Икарди (Фото)

Фудбалерот Мауро Икарди и неговата избраничка Ванда Нара со години ги полнеа насловните ст…