Дома Фудбал Пике не сакаше да тренира на дожд: Сме откажувале тренинг и за помали работи (ВИДЕО)

Пике не сакаше да тренира на дожд: Сме откажувале тренинг и за помали работи (ВИДЕО)

Барелона вечерва игра на гости во 1/16 финалето од купот на Шпанија против Ибица.

Каталонскиот клуб вчера одработи тренинг пред овој натпревар, но условите за тоа не беа баш најдобро. Во Барселона веќе неколку дена врне силен дожд. Поради таквото време некои тренинзи во младинските категории на Барселона беа одложени.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сепак, Кике Сетиен на своите играчи им порача дека тренингот нема да биде одложен и дека тие мораат да излезат на теренот во закажаниот термин. Тоа не им се допадна на играчите, посебно на Пике.

Пике очигледно беше лут на Сетиен, а на социјалните мрежи се појави видео на кое може да се види како Пике зборува: Сме откажувале тренинг и за помали работи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан на специјален начин му го честиташе роденденот на Модриќ (Видео)

Хрватската фудбалска репрезентација ја победи Црна Гора со резултат 4:0 во четвртиот натпр…