Ливерпул вчера го победи Манчестер Јунајтед на домашен терен во големото дерби со сигурни 2-0.
Црвените така ја совладаа единствената екипа во лигата која не ја победија во првиот дел од сезоната.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Погодоците за големата победа ги постигнаа Ван Дијк во 14. минута и Мохамед Салах во продолжението на натпреварот.
Црвените на тој начин стигнаа до 21. победа во 22. одиграни натпревари, подвиг со кој не може да се пофали ниту еден тим од најдобрите пет лиги.
Треба ли воопшто да се напомене дека натпреварот е одигран пред преполните трибини на Енфилд, а навивачите пред натпреварот направија пеколен пречек на гостинскиот тим.
Имено, додека автобусот на Црвените ѓаволи се пробиваше низ навивачите на Црвените, камерите фатија дел од навививачите како ги “поздравија“ со среден прст гостинските играчи.
Оваа фотографија можеби на најдобар можен начин ја покажува омразата помеѓу двата најтрофејни англиски клубови.