Дома Фудбал Англија Солскјер најави доведување на напаѓач во Јунајтед

Солскјер најави доведување на напаѓач во Јунајтед

Манчестер Јунајтед вчера соопшти лоши вести дека нивниот најдобар играч Маркус Рашфорд подолго време ќе отсуствува од терените.

Рашфорд прво имаше проблеми со грбот, а во натпреварот против Вулверхемптон го сркши стапалото и надвор од терените ќе биде околу три месеци. Тоа ќе биде голем удар за „црвените ѓаволи“ со оглед на тоа дека Рашфрод е нивниот најдобар играч сезонава.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Отсуството на Рашфорд се почуствува и вчера во натпреварот против Ливерпул и јасно е дека Јунајтед до крајот на зимскиот преоден рок ќе мора да реагира и да доведе нов напаѓач.

Оле Гунар Солскјер после вчерашниот натпревар потврди дека клубот бара замена за Рашфорд и дека веројатно ќе доведе напаѓач на позајмица до крајот на сезоната.

„Премногу повреди не погодуваа оваа сезона. Сега бараме некое решение до крајот на сезоната. Ќе видиме што имаме на пазарот и ако се појави некоја опција ќе реагираме, секако позајмица е една од опциите“, Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Луда бројка: Еве колку заработил Ѓоковиќ во кариерата само од тенисот!

Новак Ѓоковиќ е без сомнение меѓу најуспешните тенисери на сите времиња. Ова го потврдува …