Дома Останати Конор: Испишав историја!

Конор: Испишав историја!

Конор Мекгрегор се врати во голем стил и го нокаутираше Доналд Серон за само 40 секунди.

Освен што Конор на овој начин спектакуларно најави враќање во ММА светот тој стана и првиот борец во УФЦ кој во три категории победил со нокаут.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Вечерва испишав историја! Јас сум првиот борец во историјата на УФЦ кој победил во три различни категории, горд сум на тоа! Доналд беше рекордер со нокаути со нога и среќен сум што пресуди мојот удар со нога. Ударите со рамо беа интересни, јасно беше дека не очекуваше такво нешто“.

„Навистина сум пресреќен и горд кој друг се шетал низ категориите вака? Уште еднаш го запишав моето име во историјата. Поздрав до Ирците, до мајка ми, си одам дома со победа“, порача Конор по спектакуларниот нокаут.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Неверојатно: Линдзи Вон почна да тренира 25 дена по страшната повреда

Американската скијачка Линдзи Вон повторно го остави светот без зборови. Само 25 дена по с…