Дома Фудбал Италија Милан врза две победи, лесна победа за пласман во четвртфиналето од купот (ВИДЕО)

Милан врза две победи, лесна победа за пласман во четвртфиналето од купот (ВИДЕО)

Mилан денес го одигра својот натпревар од 1/8 финалето на купот на Италија против СПАЛ и забележа убедлива победа.

Навивачите сигурно посакуваа и денес да го видат Ибрахимовиќ на теренот, но Пиоли се одлучи да го одмара Швеѓанецот, а се покажа и дека и без него Милан лесно може да се справи со СПАЛ.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


После неколку создадени шанси Милан го постигна првиот гол во 20. минута преку Криштоф Пјонтек. Продолжи Милан да напаѓа и тоа им се исплатеше во финишот од првиот дел кога Кастиљехо со еден еврогол зголеми на 2:0.

Во второто полувреме конечните 3:0 ги постави најдобриот стрелец на Милан сезонава Тео Ернандез. Во СПАЛ можеби малку се понадеваа дека можат до гол во последните минути од натпреварот кога главниот судија покажа на белата точка, меѓутоа набрзо по реакција на ВАР неговата одлука беше променета и пенал немаше.

Милан во четвртфиналето ќе игра против Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Галатасарај испрати нова понуда за Осимен, па веднаш пристигна одговор од Наполи

Фудбалскиот клуб Наполи ја одби подобрената понуда на Галатасарај за напаѓачот Виктор Осим…