Дома Топ вести Барса на чекор од првото зимско засилување

Барса на чекор од првото зимско засилување

Барселона е на чекор од комплетирање на трансферот на бразилскиот играч за врска Матеус Фернандес од Палмеирас, тврдат каталонските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Фернандес ќе биде првото засилување за Барса во ерата на новиот тренер Кике Сетиен.

Барселона цели три години го следи бразилскиот талент и сега е на чекор од реализација на трансферот. Каталонците за 21-годишниот Бразилец ќе платат 7 милиони евра плус 4 милиони како бонуси.

Фернандес е дефанзивен играч за врска висок 183 сантиметри и неговиот стил на игра многу на ликува на Бускетс, па се очекува тој да биде алтернатива  во средниот ред.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…