Дома Топ вести Интер ја испрати првата понуда за Ериксен

Интер ја испрати првата понуда за Ериксен

Плејмејкерот на Тотенхем, Кристиан Ериксен најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Интер, откако постигна договор со „нероаѕурите“.

„Газета дело Спорт“ тврди дека двете страни се во напреднати преговори и дека конечниот договор е само прашање на време. „Нероаѕурите“ му предложиле на Ериксен договор до 2024 година според кој ќе заработува 10 милиони евра по сезона.


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Антонио Конте инсистира Ериксен да пристигне веднаш, па двата клуба наскоро ќе седнат на преговори, а Интер веќе ја испратил првата понуда.

„Нероаѕурите“ понудиле 10 милиони евра со оглед на фактот дека договорот на Данецот завршува на крајот на сезоната, додека „спарси“ за слободата бараат 20 милиони евра.

Тотенхем е во незавидна позиција бидејќи може да го загуби играчот без пари, па се очекува двете страни наскоро да постигнат договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Младата ѕвезда го напушта Реал Мадрид

Младиот бразилски фудбалер Ендрик како голема фудалска надеж пристигна во Реал Мадрид, но …