Дома Фото Бускетс пред две години му подари дрес на Сетиен со посвета

Бускетс пред две години му подари дрес на Сетиен со посвета

Барселона синоќа објави дека Ернесто Валверде не е повеќе тренер на клубот, а неговото место го замени Кике Сетиен.

Каталонскиот клуб не се прослави во шпанскиот Суперкуп и челниците на овој тим одлучија да му се заблагодарат на Валверде за соработката. Набргу после тоа, беше објавено дека Сетиен е нов тренер на Барселона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сетиен е познат по тоа што негува напаѓачки фудбал, а секогаш пример за него бил Јохан Кројф. Неговиот стил на игра е идеологија која ја краси Барселона и сигурно дека ќе му биде лесно својата да ја пренесе на дело на теренот.

Овој стручњак ја воодушеви јавноста додека беше тренер на Батис, кој играше фантастично. На 11. ноември 2018. година ја порази Барселона со 4:3, a после натпреварот Бускетс му го подари својот дрес со посебна посвета.

„За Кике со почит и восхит поради начинот на кој го гледате фудбалот. Прегратка“ – порача играчот на Барса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фото

Проверете

Мурињо предизвика бурни реакции: Се враќам во Лондон!

Португалскиот стратег Жозе Мурињо и понатаму е без ангажман по заминувањето од Рома, а сег…