Дома Топ вести Реал Мадрид тргнува по Тимо Вернер

Реал Мадрид тргнува по Тимо Вернер

Реал Мадрид е последниот клуб кој се вклучи во трката за потписот  на Тимо Вернер.

Според „Скај Спорт“ напаѓачот на Лајпциг е трансферна цел на „кралевите“ и ќе се обидат да го донесат во Мадрид на крајот на сезоната.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


23-годишниот Германец има договор со Лајпциг до 2023 година, а во договорот има откупна клаузула од 50 милиони евра.

Интерес за напаѓачот покажуваат уште Баерн Минхен, ПСЖ, Ливерпул и Челзи и сите се спремни да ја платат сумата од откупната клаузула.

Реал сака да ја победи конкуренцијата и веќе стапил во контакт со неговиот агент, бидејќи „кралевите“ не се задоволни од Лука Јовиќ, па на лето ќе купуваат нов напаѓач.

Оваа сезона Вернер одигра 25 гола за Лајпциг на кои постигна 23 гола и запиша 10 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …