Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез ги сподели своите впечатоци за победата во финалето од шпанскиот Суперкуп со Атлетико Мадрид.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тој го пофали целиот тим, а посебно тренерот Зинедин Зидан на кого ова му беше деветта победа во деветтото финале со „кралевите“.
„Зидан има многу трофеи и среќни сме поради него, тој исто така има фантастичен однос со Реал Мадрид. Одлучи да се одмори на една година и сега се врати со нова енергија. Зидан ни е како благослов од небото. Игравме без играчи како Азар, Бензема и Бејл, но тој состави тој кој ни донесе победа“, изјави Перез.
Претседателот на Реал посебно го пофали и голманот Тибо Куртоа.
„Ние сме многу среќни. Заслужено го освоивме Супер купот. Морам да му честитам и на Атлетико, тој е достоен противник. Што се однесува до нашиот тим, Куртоа е најдобриот голман на светот“, додаде Перез.