Екипата на Милан денес славеше победа против Каљари на гостински терен од 0:2.
Златан Ибрахимовиќ во минатото коло дебитираше од клупата против Сампдорија, а денес Пиоли одлучи Ибрахимовиќ да биде на теренот од првата минута.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нема да претераме ако кажеме дека Ибрахимовиќ направи Милан да изгледа многу, многу подобро во однос на повеќето натпревари во досегашниот дел од сезоната. Ова беше прв пат Милан сезонава да победи со два постигнати гола без да прими ниту еден.
Во првото полувреме не видовме голови, Ибрахимовиќ од една тешка ситуација извлече максимум и мајсторски шутираше со глава, но Олсен го одбрани неговиот удар.
На самиот старт Милан поведе после само 40-тина секунди преку Рафаел Леао. Ибрахимобиќ во листата на стрелци се запиша во 64. минута кога искористи една топка од левата страна. Во финишот Швеѓанецот уште еднаш ја погоди мрежата на Каљари, но тој гол беше поништен поради офсајд.