Дома Останати Голем удар за Австрија: Херман се повреди и ќе го пропушти ЕП

Голем удар за Австрија: Херман се повреди и ќе го пропушти ЕП

Противникот на Македонија во групната фаза на ЕП, Австрија го загуби еден од најважните ракометари, Александар Херман.

Херман заработи повреда, а деталните лекарски прегледи покажале дека искусниот лев бек има фрактура и ќе го пропушти остатокот од турнирот. Тоа може да биде голем проблем за најголемиот конкурента на Македонија за првото место во групата.

Селекторот на Австрија, Алеш Пајовиќ откри дека повредата на Херман е сериозна и дека нема да може да смета на неговите услуги на ЕП.

Австрија против Македонија ќе игра на 14 јануари, а претходно ќе игра уште со Чешка и Украина во групата Б.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Македонија ја прегази Србија на стартот на турнирот во Охрид!

Македонската женска ракометна репрезентација со победа го отвори „Трофеј Македонија“, отка…