Дома Фудбал Не издржа на притисокот: Алења поради изјавата за Реал мораше да го избрише Твитер профилот

Не издржа на притисокот: Алења поради изјавата за Реал мораше да го избрише Твитер профилот

Младиот фудбалер на Барселона, Карлес Алења е голем навивач на каталонскиот тим, но не добиваше шанса во првиот тим, па реши да замине на позајмица во Бетис.

Во еден од разговорите по доаѓањето во Бетис откри дека не би одбил трансфер во Реал Мадрид.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Не би одбил можност да играм за Реал Мадрид. Животот на фудбалерот е исполнет со пресврти. Доживотен навивач сум на Барселона, но го почитувам тоа – никогаш не вели никогаш“, кажа Алења.

Таа изјава ги налути навивачите на Барселона, кои го „нападнаа“ преку социјалните мрежи, по што младиот играч мораше да го избрише својот профил на Твитер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Париз ФК преговара со Един Џеко

Париз ФК преговара со босанскиот ветеран Един Џеко, пишува весникот “Екип”. Де…