Дома Фудбал Линделоф: Кога Јунајтед ми даде договор не гледав што потпишувам

Линделоф: Кога Јунајтед ми даде договор не гледав што потпишувам

Шведскиот стопер Виктор Линделоф е среќен во Манчестер Јунајтед.

Линделоф минатата есен го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед и сега тврди дека негова желба е уште долго да остане на „Олд Трафорд“. Сега стоперот откри дека не гледал што потпишува кога го продолжил договор.т

Договорот на Линделоф има важност до 2024 година, а 25 годишнит стопер е среќен што својата иднина ја посвети на англискиот гигант.

„Кога ми понудија договор ми беше многу, многу лесно. Ниту еднаш не прочитав што потпишувам. Само го земав пенкалото и потпишав. Сакам да му помогнам на клубот да победува. Се надевам дека заедно ќе освојуваме трофеи. Тоа е главната цел“, изјави Линделоф

Швеѓанецот во 2017 година се пресели во Манчестер Јунајтед од редовите на Бенфика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од „промашување“ до легенда: Денот кога Модриќ првпат погоди за Реал

На 3 ноември 2012 година Лука Модриќ го постигна првиот гол за Реал Мадрид. Тоа беше почет…