Изминатата вечер во НБА лигата се одиграа шест натпревари.
Портланд како гостин го побди Торонто со 101:99. Во еден одличен натпревар пресуди ветеранот Кармело Ентони кој го одигра најдобриот натпревар оваа сезона и погоди за победа на Портланд на три секунди пред крајот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Рапторси ја контролираа играта во првата четвртина. Имаа плус девет после 12 минути, разликата отиде и на плус 14 во текот на втората четвртина, за домашниот тим на одмор да замине со 10 поени предност, 56:46.
Со оглед на тоа дека Рапторси ја контролираа играта и во продолжението никој не очекуваше дека Портланд ќе дојде до пресврт. Сепак, во супер завршница Портланд дојде до изедначување, па потоа со поените на Мело и до победа. Мело одигра одличен натпревар. Уфрли 28 поени и имаше седум скокови, одлични беа Лилард со 20 поени и девет скокови и Хасан Вајтсајд со 14 поени и 16 скокови. Кај Рапторси Кајл Ловри имаше 24 поени 10 скокови.
CARMELO ANTHONY.
— Portland Trail Blazers (@trailblazers) January 8, 2020
GAME WINNER! pic.twitter.com/STOu2UXagz
Во дуелот на старите ривали помеѓу ЛА Лејкерси и Њујорк Никси немаше многу дилеми кој ќе слави, Никси беа немоќни и Лејкерси во „Стејплс Центарот“ славеа со 117:87.
Леброн Џејмс беше незапирлив за Никси и натпреварот го заврши со 31 поен пет скокови и асистенции. Кај Никси Берет уфрли 19.
НБА резултати:
Кливленд – Детроит 113:115
Торонто – Портланд 99:101
Бруклин – Оклахома 103:111 (после продолжение)
Мемфис – Минесота 119:112
Феникс – Сакраменто 103:114
Лејкерси – Никси 117:87