Победа против Кротоне кој се бори за опстанок би значела и шеста титула во низа за „старата дама“.
Јувентус денес би требало да ја заврши работата. Славјето на улиците во Торино е откажано, бидејќи не е крај на сезоната Јувентус го чека најголемиот предизвик оваа сезона тоа е финалето во Лигата на шампионите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На самиот стадион ќе биде свечена атмосфера, многумина веруваат дека Јуве сакаше да ја прослави титулата на свој терен каде што не загуби ниту бод, а картите се одамна распродадени.
Пред натпреварот, на Гонзало Игуаин, ќе му биде доделена наградата за најдобар играч во сезоната во изборот на навивачите Јувентус. Рекородното засилување продолжи онаму каде што застана во Наполи, не постигна премногу голови, но играше за тимот и ги оправда очекувањата.
Спремна е и традиционална маица, со која Јувентус сака да ја обележи шестгодишната доминација во италијанскиот фудбал, еве како таа ќе изгледа, а играчите би требало да ја носат после натпреварот, секако доколку запишат победа против Кротоне.
Натпреварот се игра од 15:00 часот.