Реал Мадрид со победа ја започна новата година и го искористи киксот на Барселона за да се израмни со Каталонците на врвот на табелата.
„Кралевите“ со 3:0 победија на гостувањето кај Гетафе и потврдија дека ја имаат најдобрата одбрана во последните три децении.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тимот на Зидан во во изминатите 19 кола прими само 12 гола и ја има најдобрата одбрана во Ла Лига, заедно со Атлетико Мадрид.
Само 12 примени гола Реал немал 32 година наназад уште од сезоната 1987/1988 кога голот на Реал го чуваа Франциско Бујо, Агустин Родригез и Хосе Мануел Очоторена.
Оваа сезона Реал девет пати ја зачува чиста својата мрежата. Куртоа на осум натпревари и Ареола на еден.
Помалку голови во својата историја „кралевите“ примиле во сезоната 1961/62 и 1971/72 (11).