Дома Фудбал Италија Кулушевски уште првиот ден ги изнервира фановите на Јувентус

Кулушевски уште првиот ден ги изнервира фановите на Јувентус

Дејан Кулушевски е првото засилување за италијанскиот шампион Јувентус во новата година, откако „бјанконерите“ за неговиот потпис се согласија да платат 45 милиони евра.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


19-годишниот офанзивен фудбалер со македонско потекло блеска оваа сезона во Серија А и со добрите игри си обезбеди трансфер во „старата дама“.

Не така одамна, Кулушевски даде кратко интервју за шведски „СТВ Спорт“, а истото денес е главна тема на Апенините.

Младиот фудбалер во интервјуто го избра Меси пред Роналдо, и Тоти пред Дел Пјеро, а за најомилен играч го избра Златан Ибрахимовиќ.

На „вечното“ прашање Лионел Меси или Кристиано Роналдо, тој го избра Меси и откри дека негов омилен клуб му е Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Левандовски добива големо богатство од Саудиска Арабија

Роберт Левандовски ќе ја напушти Барселона на крајот од сезоната откако двете страни не ус…