Дома Фудбал Англија Кои се најпродуктивните напаѓачи во Премиер лигата?

Кои се најпродуктивните напаѓачи во Премиер лигата?

Оваа статистика ќе ни го даде одговорот.

Утре во Премиер лигата се игра последното, Челси е шампион, во Чемпиошип заминуваат Сандерленд, Миделзброу и Хал.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кога во прашање е индивидуалниот учинок, најдобар стрелец во лигата во овој момент е Хари Кејн кој стигна до бројката од 26 погодоци. Зад него се наоѓа Ромелу Лукаку со два помалку, додека трет е Алексис Санчез со 23 постигнати погодоци.

Кога се напаѓачите во прашање, еден податок може и подобро говори за тоа колку добра сезона имале, а тоа е на колку минути постигнуваат погодок. На тој начин се одредува кој најдобро го користи своето време.

10. Џошуа Кинг (Бурнемоут)

Норвешкиот интернационалец одигра одлична сезона. Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајфед беше ударна игла на овој тим, а во последните неколку месеци беше навистина незапирлив. Постигна 16 погодоци на 36 натпревари, одигра 2719 минути, па според тоа тој постигнуваше гол на секои 170 минути.

9. Фернандо Љоренте (Свонси)

Шпанецот заедно со Сигурдсон е главната причина што „Лебедите“ и наредната сезона ќе ги гледаме во Премиер лигата. Постигна 14 погодоци на 32 натпревари, во просек постигнува гол на секои 169 минути.

8. Диего Коста (Челзи)

Уште еден шпански интенационалец на листата, постигна 20 погодоци во шампионската сезона, тој е најдобриот стрелец на „сините“, а постигнува гол на 151 минута, одигра 34 натпревари оваа сезона.

7. Златан Ибрахимовиќ (Манчестер Јунајтед)

Веројатно поради тешката повреда Ибрахимовиќ заврши со Јунајтед, но искусниот голгетер беше фантастичен во својата деби сезона во Премиер лигата. Постигна 17 погодоци, одигра 28 натпревари, а псотигнуваше гол на секои 143 минути.

6. Хјонг-Мин Сон (Тотенхем)

Уште една одлична сезоната во дресот  „петлите“ одигра овој  Кореец и постигна 14 голови на 33 натпревари, мрежата ја тресеше на секои 141 минута.

5. Алексис Санчез (Арсенал)

Санчез ја одигра својата најдобра сезона во Арсенал откако пристигна од Барселона. Чилеанецот постигна 23 погодоци, но забележа и 10 асистенции, постигнуваше гол на секои 137 минути.

4. Ромелу Лукаку (Евертон)

Иако “успори“ кон крајот на сезоната, Белгиецот е на второто место на листата на стрелци со 24 постигнати погодоци на 36 натпревари, постигнуваше гол на секои 132 минути.

3. Серхио Агуеро (Манчестер Сити)

Некој може да каже дека Аргентинецот потфрли оваа сезона, но и покрај тоа што ја одигра својата најдобра сезона беше ефикасен. Постигна 18 погодоци, а мрежата ја тресеше на секои 130 минути.

2. Оливие Жиру (Арсрнал)

Многу оспоруваниот француски репрезентативец сепак одработи добра сезона. Се разбуди во финишот, кога Арсенал ја подигна својата форма, постигна 12 погодоци на 29 мастапи, постигнуваше гол на секои 100 минути.

1. Хари Кејн (Тотенхем)

Уште една фантастична сезона за англискиот голгетер. Имаше проблем со повредите но тоа не му претставуваше проблем да постигне 26 погодоци, а погодуваше на секои 94 минути.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

За ПСЖ вечерва може да настапи фудбалерот кој е надвор од терените 638 дена

Пари Сен Жермен вечерва го игра дербито против Баерн Минхен во Лигата на шампионите, а за …