Дома Фудбал Барса му одговорила на Видал: Бараш пари кои не си ги заслужил!

Барса му одговорила на Видал: Бараш пари кои не си ги заслужил!

Чилеанскиот фудбалер Артуро Видал ги изненади сите кога потврди дека поднел тужба против Барселона.

Видал оваа сезона нема минутажа во Барселона какво што посакуваше и изгледа тоа нема да се промени, посебно откако одлучи да го тужи клубот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Од Барселона Видал бара 2.4 милиони евра бонус кој играчите го добија за минатогодишните резултати и освојувањето на Ла Лига. Меѓутоа, Видал тие пари се уште не ги добил и одлучи да си ги бара преку судски пат.

Сепак и во Барселона не сакаат да се откажат и така лесно да му ја исплатат таа сума. Како што пишува „Марка“ од клубот му порачале на Видал дека нема да ги добие пари затоа што не ги заслужил си настапите на теренот.

Барса сака да го продаде во јануари ако добие адекватна понуда, меѓутоа доколку тоа не се случи во јануари скоро сигурно е дека ќе се случи на лето.

Интерес за Видал покажа Интер кој испрати понуда од 12 милиони евра, но во Барселона наводно чекаат поголема понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Како нива: Натпревар во Ла Лига одложен поради ужасниот терен!

Натпреварот меѓу Рајо Ваљекано и Овиедо е одложен поради многу лошата состојба на теренот …