Дома Топ вести Фановите во транс, Милан доведува уште едно мега засилување!

Фановите во транс, Милан доведува уште едно мега засилување!

Веќе неколку години Јувентус нема сериозна конкуренција во врвот на италијанскиот фудбал, Рома и Наполи нешто се обидуваат, но сепак се далеку, дали следната сезона „росонерите“ се враќаат во врвот?

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Ако се суди според трансфер политиката на новите сопственици на Милан, ДА! Имено, практично од кога веќе обезбеди три засилувања, Милан е на пат да обезбеди уште едно страшно засилување.

Се работи за еден од најбараните десни бекови на „Стариот континент“ кој во овој момент е член на Аталанта, младиот Адреа Конти. Ова момче во годините кои следат треба да ги прикажува најдобрите настапи, а интересно е што освен е фантастичен во одбрана, често пати знае и да се запише во листата на стрелци.

Конти за тимот од Бергамо на 46 натпревари постигна дури 10 погодоци, а Аталната за него бара околу 20 милиони евра, што за новите сопственици на Милан не е никаков проблем.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…