Зинедин Зидан е спремен на се за да го доведе својот сонародник на „Бернабеу“.
Французинот по секоја цена сака да го види Погба во својот тим и тоа во зимскиот преоден рок. Одолеваше Манчестер Јунајтед во текот на летото на понудите, па Реал остана без својата мета.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Меѓутоа медиумите најавуваат дека Реал нема да се откаже од Французинот, иако не е спремен да плати 160 милиони евра колку што бараат „црвените ѓаволи“.
Шпанските медиуми пренесуваат дека „кралевите“ спремиле нова понуда и се спремни на „Олд Трафорд“ да го испратат Винисиус Јуниор плус 85 милиони евра.
Јунајтед нема лесно да се откаже од Погба, но оваа понуда е прифатлива за англискиот клуб бидејќи Солскјер многу го цени Винисиус, кој покажа дека е еден од најголемите таленти во светот.