Дома Фудбал Англија Артета со изјавата за Џака ги шокира навивачите на Арсенал

Артета со изјавата за Џака ги шокира навивачите на Арсенал

Навивачите на Арсенал се надеваат дека нивниот нов тренер Микел Артета ќе донесе големи промени во играта, но и во играчкиот кадар на Арсенал.

Така, странските медиуми веќе започнаа да шпекулираат за имињата што треба да дојдат или да ги напуштат Топџиите.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Наводно, еден од играчите кој скоро сигурно ќе го напушти Арсенал е Гранит Џака, кој треба да се пресели во Херта.

Сепак, се чини дека Артета одлучил да го задржи, бидејќи наводно видел потенцијал во неговата игра.

“Му кажав колку е важен тој за тимот. Јас сум тука да му помогнам и сакам тој да чувствува дека ја има мојата поддршка. Не само мојата, туку од целата екипа. Ако можеме да го сториме тоа и ако навивачите не поддржат, мислам дека тоа ќе биде најдобро за тимот, а тоа е она што е најважно на крајот на денот.“ – изјави Артета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барди со проектил од далечина во убедливиот триумф на Коњаспор (Видео)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди го остави својот белег во убедливата победа на Коњ…