Дома Топ вести Откриена првата трансфер мета на Мурињо

Откриена првата трансфер мета на Мурињо

Мурињо одлично ја започна својата авантура на кормилото на Тотенхем, но сака додатно да го засили тимот во зимскиот преоден рок.

Англиските медиуми тврдат дека раководството ќе му ја исполни желбата на Мурињо, иако не планира да прави големи трансфери во јануари.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Поразот од Челзи пред неколку дена на домашен терен покажа дека тимот на Мурињо е „ранлив“ и дека му се потребни засилувања.

Медиумите на Островот откриваат дека најголема желба на „спарси“ во зимскиот преоден рок ќе биде поранешната надеж на Барселона, Адама Траоре.

Траоре минатото лето стигна во Вулверхемптон од Миделсбро за 20 милиони евра, а сезонава постигна четири гола и шест асистенции во 27 меча.

Тотенхем е спремен да понуди 30 милиони фунти за неговиот потпис, па останува да се види дали „волците“ ќе ја прифатат понудата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Бајрами го постигна најбрзиот гол во историјата на ЕП🎥

На натпреварот помеѓу Италија и Албанија беше испишана историја на европските првенства. И…