Дома Македонски спорт Мак фудбал Елмас: Ми се оствари сонот цела арена да го скандира моето име

Елмас: Ми се оствари сонот цела арена да го скандира моето име

Maкедонскиот репрезентативец Елиф Елмас вчера на гала вечерта на кои беа прогласувани најдобрите во македонскиот фудбал ја однесе наградата за најдобар репрезент на Македонија во сезоната 2018/2019 година.

Елмас имаше одлична година во која направи трансфер во Наполи, а покрај тоа одлично го носеше дресот и на репрезентацијата на Македонија.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Како шти кажа самиот Елмас еден од неговите сонови бил да го скандираат неговото име на нашата арена и тоа му се оствари.

„Имав одлични моменти во изминатата година. Голот за Фенербахче против Галатасарај ми е еден од омилените, со репрезентацијата направивме историски успех…Сонував еден ден да го скандираат моето име на арената и тоа се случи, морам да бидам пресреќен“, изјави македонскиот „дијамант“.

Сите наградени на гала вечерта можете да ги прочитате – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…