Новата година Реал Мадрид ќе ја дочека на втората позиција во Примера со два бода зад лидерот и големиот ривал Барселона.
Сепак, секако дека до крајот на сезоната има уште многу (20 кола). Она од што во Реал можат да бидат посебно задоволни во досегашниот тек од сезоната е цврстата одбрана. Тимот на Зидан во во изминатите 18 кола прими само 12 гола и ја имаат втората најдобра одбрана во Ла Лига, зад Атлетико Мадрид.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Само 12 примени гола Реал немал 31 година наназад уште од сезоната 1987/1988 кога голот на Реал го чуваа Франциско Бујо, Агустин Родригез и Хосе Мануел Очоторена.
Оваа сезона Реал осум пати ја зачувал чиста својата мрежата. Куртоа на седум натпревари и Ареола на еден.
Помалку голови во својата историја „кралевите“ примиле во сезоната 1961/62 и 1971/72 (11).