Aрсенал во четврток ќе има уште едно тешко гостување после натпреварот со Евертон, „топџиите“ играат против Бурнемоут.
Ќе биде тоа деби на Микел Артета на клупата на Арсенал и тој натпревар ќе биде исклучително тежок за Шпанецот. Ќе има многу тешка задача со оглед дека за овој натпревар нема да може да смета на скоро половина тим, што поради повреди, но и поради картони.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, Колашинац и Тирнеј се повредени и тие сигурно нема да настапат во тој натпревар.
Освен нив под знак прашалник се настапите на Белерин, Холдинг и Мартинели, нивната состојба ќе се следи во наредните денови после што ќе биде донесена одлука.
Себаљос исто така нема да настапи поради повреда, додека Чемберс на натпреваротт против Евертон го доби петтиот жолт картон и тој е суспендиран.