Дома Моторспорт Официјално: Леклер потпиша нов договор со Ферари!

Официјално: Леклер потпиша нов договор со Ферари!

Ферари и официјално потрди дека Шарл Леклер потпишал нов договор со италијанскиот тим со важност до 2024 година.

Фантастичниот 22 годишен возач од Монако оваа сезона ги надмина сите очекувања и во втор план го стави тимскиот колега Себастијан Фетел. Во првата сезона во Ферари славеше на две трки и десет пати беше на подиумите, освои и уште седум пол-позиции.

Сезоната му ја обележаа расправиите со Фетел и Макс Верстапен од Ред Бул, а Ферари покажа дека верува во него. Сакаат да го задржат и поради тоа ќе го плаќаат девет милиони долари по сезона. Тоа и понатаму е многу помалку од 30-те милиони на Фетел, но засега Ферари не покажа дека сака да го продолжи договорот со Германецот, актуелниот му истекува во 2020 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

ФИА стави рампа: Нема посебни фелни за квалификации во Ф1

Од 2027 година тимовите нема да смеат да менуваат спецификација на фелните меѓу квалификац…