Не е тајна дека Милан е во напредни преговори за враќање на Златан Ибрахимовиќ на „Сан Сиро“, но „росонерите“ имаат и план Б.
Милан достави понуда до агентот на Ибрахимовиќ, Мино Раиола, но се уште се чека одговор на шведскиот голгетер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно Ибра има понуда и од Евертон, па се уште не донел конечна одлука каде ќе ја продолжи кариерата, а тоа ги натера „росонерите“ да го активираат „планот Б“.
Станува збор за напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ, кој не добива шанса кај Зидан, иако ова лето пристигна во Мадрид за 60 милиони евра.
Првичната идеја на Милан е позајмица на шест месеци, а на лето „кралевите“ и „росонерите“ да разговараат за целосен откуп на неговиот договор. Италијанскиот клуб има проблем во нападот и сметаат дека Јовиќ може да биде решение на нивните проблеми.