Мегаѕвездата на Барселона, Лионел Меси ќе потпише нов договор со каталонскиот гигант во најскоро време, пренесува „Мундо Депортиво“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Актуелниот договор на Аргентинецот истекува во 2021 година, а од Барселона пред ивесно време потврдија дека се започнати преговорите за продолжување на соработката.
„Мундо Депортиво“, весник кој е близок до Барелона открива дека клубот му понудил нов договор на Меси до 2023 година, па се очекува наскоро раководството на Каталонците и агентите на фудбалерот да ги договорат сите детали.
32-годишниот Меси не сака долг договор и преферира после секоја година да проценува како ќе се чувствува и уште колку долго ќе може да игра.
Барселона е спремна да му понуди доживотен договор, а Меси во неколку наврати потврди дека сака да ја заврши кариерата на „Камп Ноу“.